Општина Кавадарци – ЈАВЕН ПОВИК за обештетување на граѓаните за природна непогода-голомразица
664 Прегледи
Општина Кавадарци издаде Јавен повик за обештетување на граѓаните за природна непогода – голомразица која што го зафати подрачјето на територијата на општината, во деновите 08, 09, и 10.04.2021 година.
Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 21.04.2021 година до 06.05.2021 година во периодот од 08:30 до 16:30 во просторите на општина Кавадарци.
Во прилог освен барањето, треба да се поднесат и следниве документи: фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп).
Пристап до јавниот повик на следниот ЛИНК.
Категории:
Вести