Порталот Моја Фарма нуди повеќе видови содржини кои овозможуваат навремено и точно информирање на читателите за актуелни и важни теми од областа на земјоделството и прехранбената индустрија, со цел да им овозможи поддршка при одлучувањето во сферата на сопственото делување. Информациите кои се обработуваат се претставени во повеќе формати (пишан тест, емпириски податоци, анализи, интервјуа, вебинари, видео материјали) во зависност од темата која се обработува, категоријата, како и тоа кон кого е насочена информацијата. Независно од тежината на информациите кои се пренесуваат, суштинска карактеристика на пристапот на претставување на информациите на порталот е едноставноста во дистрибуција на комплексни знаења со помош на користење на дигитални алатки.