Tag "земјоделство"

Назад кон почетна
Слајдер Цени

(Видео) Неделен преглед на берзански цени на земјоделски суровини НЕДЕЛА 16

    Aналитичкиот тим на Моја фарма има воспоставено свој систем на следење на берзански цени на земјоделски суровини, од целиот свет. Со цел овие информации да бидат достапни за нашите читатели подготвивме неделен преглед за сите релевантни суровини кој ќе се објавува секоја недела. Цените претставени во овој преглед се добиени директно од извештаите од наведените берзи. Погледнете го краткото видео за информации во врска со цените.  

Вести Слајдер

Домашните потрошувачи сакаат јагнешко, но не знаат дека меѓу најквалитетните е месото од нашата автохтона „Праменка Овчеполка“

– Месото од македонската автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ е едно од најдбрите во европски и светски рамки, но домашните потрошувачи се уште не го препознаваат. Тие имаа можност да дегустираат и да дадат оценка за неговиот вкус и квалитет. Презентацијата и дегустацијата се одржа вчера во Градскиот трговиски центар во Скопје и е прва по 1955 година. Ја организираше Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ во соработка со земјоделскaта задруга „Еко Овчеполка“. 

Вести Популарно Слајдер

(Видео) Дигитализација на земјоделството

    Традиционалниот начин на обработка на земјата се практикува илјадници години наназад. Со почетокот на обработка на земјиштето се појавиле услови за формирање и на првите цивилизации. Точно е дека традиционалниот начин на земјоделство е ефикасен, но, модерната технологија денес ни нуди техничко-технолошки иновации кои го подобруваат и квалитетот и квантитетот на жетвата. Со самото внесување на иновации во земјоделството, заштедуваме вода, заштедуваме ѓубрива, полесно се справуваме со штетниците и многу полесно можеме да ги пласираме земјоделските производи кои

Вести Слајдер

Дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“

    Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка овчеполка“ во соработка со земјоделскaта задруга „Еко Овчеполка“ денеска во Градскиот трговски центар во Скопје организира дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“. Целта на дегустацијата е пазарно истражување кое треба да ја покаже оценката на потрошувачите за вкусот и квалитетот на месото. Како што велат од Здружението „Праменка овчеполка“, придобивките ќе бидат зачувување на агроеколошките карактеристики, одржување на природната средина, органско производство, традиционално одгледување и

Вести Слајдер

Николовски од Анкара: Обезбедуваме дополнителни количини вештачко ѓубре за земјоделците

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари работна средба со Вахит Киришчи, министер за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција. Двајцата министри ја потврдија досегашната трговска размена помеѓу двете пријателски земји и ги прецизираа идните активности во насока за зголемување на трговските капацитети и обезбедување на дополнителни количини на вештачки ѓубрива за нашите земјоделци. Министрите на работниот состанок изразија заедничка согласност за реактивирање на земјоделската насочувачка комисија, која повеќе од 10 години не е

Вести Слајдер

Консолидација на земјоделско земјиште и во Битолско Логоварди

    Собранието на учесници во консолидацијата на земјоделско земјиште од село Логоварди (Општина Битола) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште во Логоварди. По Егри и Трн (исто така во Општина Битола) и Дабјани (Општина Долнени), ова е четвртиот усвоен план за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите, во рамките на проектот финансиран од Европската унија МАИНЛАНД, кој е ко-финансиран од Организацијата за храна и

Вести

Тренчевска: Заедно ќе работиме на решение за прашањето за родителско отсуство и боледување на земјоделките и земјоделците

    Во Министерството за труд и социјална политика се одржа состанок со  работната група во чиј состав се претставници на граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, УЈП, ПИОМ, Агенција за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Националната федерација на фармери, поддржана од  Шведската организација за развој Wе Effect. Формирањето на оваа работна група има за цел изнаоѓање на правен механизам за остварување на платено родителско отсуство

Вести Слајдер

Интервентните мерки во функција на земјоделците – за зголемување на производството и намалување на увозната зависност

    Не е време за креирање лажни вести и за создавање паника меѓу граѓаните, државата ќе има доволно храна, порачуваат надлежните. Земјоделците ги поздравуваат интервентните мерки, најавуваат дека максимално ќе ги искористат и дека производството ќе биде зголемено. Според експертите, во моментов нема простор за посериозна интервенција, освен да се нормализира увозот на пченица и масло од Србија. Руско-украинскиот конфликт, велат, нема да има некоја посериозна улога, но ќе влијае индиректно, врз порастот на цените на земјоделско-прехранбените производи. Како

Вести Слајдер

Моменталната глобална криза бара да ги пренасочиме синџирите за набавка на храна

    Националната конвенција за Европската Унија во Македонија вчера во Клубот на пратеници ја одржа десеттата сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на тема „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза“, во организација на Европското движење. Дијалогот во кој учествуваа сите засегнати страни, почнувајќи од креаторите на политиките, поточно претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Министерството за економија, од Министерството за надворешни работи, но и

Вести Слајдер

Се одржа редовната 37-ма седница – Еве што беше на дневен ред

    Владата на Република Македонија, вчера, 12.4.2022 година (вторник) ја одржа редовната 37-ма седница, на која согласно своите надлежности беа разгледани повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на седницата се разгледаа Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, како и предлог за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај. Пред министрите се најде и Информација за Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации