Tag "земјоделство"

Назад кон почетна
Вести Слајдер

Најголемиот производител на брашно во БиХ го намали извозот, а трговците го ограничија купувањето на зејтинот

    Компанијата „Клас“, најголем производител на брашно и на млинарско – пекарски производи во БиХ, одлучи да го намали, а за одредени држави и да го сопре извозот на брашно, за да се осигураат доволно количини за домашниот пазар поради војната во Украина и зголемената побарувачка од граѓаните. Според соопштението на компанијата, одлуката за намалување на извозот е донесена по зголемените барања за брашно од земјите од регионот и потребата да се обезбеди стабилност и безбедност на домашните потрошувачи.

Вести

Научна конференција „Станушина – неоткриена македонска винска приказна“

    Во организација на Земјоделскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ), денеска во Скопје првпат ќе се одржи научна конференција посветена на македонската автохтона винска сорта Станушина, насловена како „Станушина – неоткриена македонска винска приказна“. Најавено е учество на претставници од винарскиот и лозарскиот сектор, дипломатскиот кор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, УКИМ… Конференцијата ќе ја отвори директорот на Земјоделски институт – Скопје проф. д-р Виктор Ѓамовски, поздравно обраќање ќе има ректорот на УКИМ

Вести Слајдер

Во дворот на Земјоделскиот институт ќе биде засадена најстарата винова лоза на светот

    По повод одбележувањето на триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија, во дворот на Земјоделскиот институт – Скопје, денеска ќе биде засадена 400 години стара винова лоза (најстарата винова лоза на светот), народно позната како Жаметна чрнина или Модра кавчина. Истовремено, преку симболичен начин ќе се промовира значењето на науката во заштитата на животната средина, значењето на биодиверзитетот, како и чувањето и грижата за природното богатство, кое во Словенија има многу долга

Вести Слајдер

Каква ќе биде судбината на раноградинарските производи од струмичкото поле?

    Засега нема конкретна информација што ќе се случи со раноградинарските производи од струмичката котлина. Извозот на зелката, која традиционално се извезуваше во Украина и Русија, останува да стои под знак прашалник. Од Министерството за земјоделство велат дека се бараат алтернативни пазари и можност да се зголемат финансиските средства во интервентниот фонд за помош и поддршка на раноградинарите. Пред самиот почеток на бербата на пролетната зелка, Министерството за земјоделство будно ќе ги следи тековите. Барале алтернативни пазари, средби со

Вести Слајдер

Паметна инвестиција, РУРАЛЕН ТУРИЗАМ – Мерка 7 ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027)

    Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Република Северна Македонија – објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. ИПАРД 3 програмата овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој. Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата (2021-2027), кој ќе биде за 60% поголем од буџетот на ИПАРД 2, се очекуваат многубројни придобивки како на пример: – подобрување на стандардот на земјоделците, – подобрување на пазарната

Вести Слајдер

Оризопроизводителите од кочанско без интерес за сеидба – Ќе има ли ориз оваа сезона?

    Незадоволството кај оризопроизводителите од кочанско, предизвикано од неисполнувањето на нивните барања од страна на Владата и Министерството за земјоделство, доведе до револт кај оваа група граѓани. Имено, цените на нафтата и вештачките ѓубривата вртоглаво растат, а оризот останува најефтин. Пред почетокот на сеидбата и припремата на земјоделците од кочанско за производство на нова реколта ориз, поголем дел од оризарите со став дека нема да сеат ориз. Овој период од годината, полињата беа полни со земјоделци кои се подготвуваа

Вести Слајдер

„Напредни лозари”: Оваа година ќе се бараат драстично повисоки откупни цени за грозјето

    Конечните решенија за нашите барања не смеат да чекаат до лето, до јули и август, туку треба да бидат дефинирани најдоцна до јуни, велат од здружението „Напредни лозари” по вчерашната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие разговарале, како што информираат, со заменик-министерот Трајан Димковски, а присутен бил и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски. -Претставниците од МЗШВ сериозно ги имаат разгледано сите наши барања и се заложија за нивно решавање. Општ заклучок од состанокот е

Вести

(Видео) 4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од елементарни непогоди на околу 10.000 земјоделци

4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од елементарни непогоди за период од 2016 до 2021 година, на околу 10.000 земјоделци. Се грижиме за секој еден, помагаме секогаш кога е најпотребно, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство, Љупчо Николовски.

Вести Слајдер

800 тони охридска цреша, наместо на рускиот ќе завршат на домашниот пазар

    Планираниот пласман од годинешниов род од насадите со охридскa цреша на Ванчо Стојаноски од охридското село Орман, наместо на рускиот пазар би можел да остане дома. Но, ако нема брза разрешница на руско-украинскиот конфликт ќе страда целиот род од охридскиот регион, кој се проценува на повеќе од 800 тони. „Ако се пласира таа во холандези, извозната цена од Македонија е околу 2,5 евра. Ако се пакува во пластична амбалажа по килограм, тогаш е помеѓу 4 – 4,5 евра“,

Вести

Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

    Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Членовите на оваа комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и двата во прво читање. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање.