Благ пораст на малопродажните цени на нафтените деривати

Благ пораст на малопродажните цени на нафтените деривати

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23  %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 ден/кг и сега ќе изнесува 42,761 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит и 77,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 67,00 ден/лит, односно 67,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

Категории: Вести