АгФутура Технологии изврши обука на наставници за употреба на дигитални технологии во земјоделското производство

АгФутура Технологии изврши обука на наставници за употреба на дигитални технологии во земјоделското производство

На 07, 08 и 09 јуни наставниците од земјоделско-ветеринарна струка при ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово учествуваа на обука за Употреба на дигитални технологии во земјоделското производство“. Оваа обука е спроведена според Годишниот план за професионален развој на наставниците од земјоделско-ветеринарна струка при ДСУ-РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово.

Обуката беше поддржана од страна на швајцарската невладина организација Хелветас, а организирана и спроведена од страна на македонската компанија, лидер во областа на дигиталното и прецизното земјоделство, АгФутура Технологии.

Дигиталните технологии може да им помогнат на земјоделците да добијат увид за условите во земјоделското производство во реално време. Тие, исто така, можат да помогнат во обезбедување на податоци за разни софтверски решенија кои можат да помогнат во процесите на донесување одлуки. Дополнително, сите снимени податоци подоцна може да се користат како доказ за секоја изведена операција и сите земјоделски инпути што се применуваат, дозволувајќи им на земјоделците да не трошат време за собирање на податоци што во голема мера го олеснува процесот на водење евиденција. Поточно, имплементацијата на дигитални технологии може да го скрати времето за проверка на рутинските активности на фармата, следењето на специфичните операции и статуси, притоа дозволувајќи им на земјоделците да се фокусираат на важни активности како стратешко управување и позиционирање на производите на пазарот. Крајниот резултат од имплементација на дигитални технологии во земјоделството се потенцијално зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците, следливост и помалку работна сила. Предностите на дигиталните технологии имплементирани во земјоделството можат да бидат огромни, главно поради широкиот спектар на нивна апликација.

Темите кои беа опфатени со ова предавање се следните:

  • Важноста на дигитализацијата во земјоделството и теоретски осврт на имплементација на дигитални технологии во земјоделското производство
  • Вовед во принципите на прецизното земјоделство, типови на прецизни технологии и искористување на добиените податоци за подобрување на земјоделското производство
  • Снимки од сателит и беспилотни летала како решение за подобрување на земјоделското производство

 

Технологиите кои беа опфатени со ова предавање се следните:

  • Дигитална метеоролошка станица
  • Дигитална феромонска стапица за мониторинг на штетници
  • Почвени сензори
  • Сензори за мониторинг на здравје на добиток
  • Географски позиционен систем (ГПС)
  • Географски информационен систем (ГИС)
  • Технологија за варијабилна стапка на апликација (ВРТ)
  • Сензорни технологии за создавање на релевантни податоци од поле
  • Софтвери за поддршка при донесување на одлуки во прецизно земјоделство
  • Сателитски слики од Сентинел-2 сателити
  • Ортофото слики од беспилотни летала
  • Сателитски индекси
  • Снимање на поле со беспилотно летало

 

Во каква атмосфера протече овој едукативен настан, можете да видите во оваа фото галерија:

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.