Листа на најдобрите филмови и ТВ серии за зачувување на планетата

Листа на најдобрите филмови и ТВ серии за зачувување на планетата

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за моменталните состојби кои што позитивно или негативно влијаат врз животната средина или пак да се мотивирате себеси да делувате одржливо и да се грижите за природата, ова е вистинскиот текст што треба да го прочитате. Тимот на Моја Фарма ќе ви ги претстави едни од најинспиративните филмови, ТВ серии и подкасти кои што ќе ве поттикнат да размислувате на малку поинаков начин, начин на кој ќе внимавате на природата и живиот свет околу вас и истовремено ќе ве замисли за тоа каква е и од што се состои вашата моментална исхрана.

Бакнете ја почвата (Kiss the Ground)

Добро осмислен документарен филм со должина од 84 минути во кои е прикажана лошата страна на интензивното земјоделство и последиците од истото. Во филмот се претставени американските земјоделци кои што го искажуваат своето незадоволство во врска со производството кое им се наметнува од индустријата. Фокусот на филмот е во поттикнувањето на создавање на регенеративни системи на земјоделско производство.

Ова менува сè (This Changes Everything)

Филм посветен на климатската криза која се случува во сите делови од светот. Фокусот на филмот е претставување на главните проблеми и поттикнувачи на истите, односно капитализмот и сите оние индустрии кои директно се поврзани со проблемот и борбата на народот во спречување на истите. Вистинска приказна со вистински луѓе кои што се спремни да го дадат својот живот во борбата против капиталистичките индустрии кои немилосрдно го уништуваат секое драгоцено парче природа за да профитираат на лесен начин.

2040

Како би изгледал светот во 2040 година, ако само го прифатиме најдоброто што веќе постои Режисерот Дејмон Гамо ја прифаќа перспективата на загрижен родител кој се обидува да види позитивна иднина за својата четиригодишна ќерка и успева да создаде филм полн со надеж (и повремена глупост). Тој е преполн со иницијативи за подобрување на светот, од микро-мрежи за електрична енергија до агро-шумарство.

Заговор за морињата (Seaspiracy)

Емотивен документарен филм кој е тежок за гледање. Ја опфаќа една од најголемите индустрии во светот, рибарството, какво штетно влијание има врз морскиот екосистем и уште колку малку фали за да се наруши балансот на морињата. Дополнително, во филмот е прикажана и темната страна од рибарството, односно криволовството на разни видови на риби (делфини, туна, ајкули и други) кои воопшто не се регулирани и има мал број на податоци кои што можат да ја прикажат реалната слика.

Од Париз до Питсбург (Paris to Pittsburgh)

Снимен во периодот откако Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот климатски договор, овој филм ја прикажува борбата на американските граѓани да ги направат промените кои нивните лидери не успеаја, од луѓе кои ги претвораат предните градини во фарми па се до одредени државни службеници кои ги претвораат езерата во генератори на соларна енергија. Документарецот јасно ги отсликува сите катастрофални дејствија што се случуваат, “залагањата” на државите во спречување на истите и волјата на народот за промени.

Климатски промени: Факти (Climate Change: The Facts)

Дејвид Атенборо презентира статистички сведоштва од научници за егзистенцијалната закана со која се соочуваме. Тоа е концизно, возбудливо објаснување за глобалната ситуација, каде што има претставено конкретни примери за состојбата, односно прикажува како научниците палат метан што лежи под арктичкиот вечен мраз, објаснувајќи дека овие гасови би можеле да завршат на нашето небо. Атенборо, исто така, претставува листа на чекори што можете да ги преземете за да помогнете.

Како месото ја уби планетата (Apocalypse Cow: How Meat Killed the Planet)

Овој остроумен документарец за производството на месо, направен од колумнистот на Гардијан, Џорџ Монбиот, е полн со факти кои ги отвораат очите. Филмот прикажува рибари кои виделе како нивните реки се загадени со отпад од живина, како пасењето на овците уништуваат уникатни екосистеми и дознаваме дека 51% од земјиштето во Обединетото Кралство е наменето за производство на месо. Од друга страна, ова е нежен, едукативен поглед на темата, посета на проекти со надеж за иднината – како што се лабораториски одгледувано месо, протеини создадени од електрична енергија и зеленчук одгледуван без ѓубрива.

Грета Тунберг: Една година за промена во светот (Greta Thunberg: A Year to Change the World)

Овој серијал од три дела ја прикажува Грета како патува во светот во период од една година. Има патувања до глечерите кои се топат побрзо отколку што е планирано, истраги на пилот проекти за складирање на јаглерод и обиди да се вклучат со полските рудари кои гледаат на екологијата како закана за нивните средства за живот. Преполно е со инспиративни говори и апели за да се преземе акција за зачувување на светот.

Место на масата (Seat at the Table)

Јутјуберот Џек Хари се среќава со млади активисти за климата и интервјуира луѓе кои живеат во најтешко погодените нации. Приказните започнуваат од активистката на островите Скили која го поттикна нејзиниот локален совет да прогласи климатска вонредна состојба па се до активист од Малдивите, чија татковина наскоро може да биде проголтана од страна на морето.

 

Категории: Вести