На што се должат неповолни прогнози за преработувачкото производство?

На што се должат неповолни прогнози за преработувачкото производство?

 

Според податоци кои ги објави Државниот завод за статистика за актуелните состојби во преработувачката индустрија прогнозите за следниот период сугерираат дека не очекува негативен пад на производствените

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули во однос на јуни годинава е намален за 0,1 процентен поен и изнесува 14.9, а во однос на јули лани е зголемен за 2.6 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во јули во однос на јуни годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули годинава е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули минатата година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Според податоците на ДЗС, просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2021 година изнесува 70,7 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,7 проценти, неизвесното економско опкружување со 15,5 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 16,7 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13,3 проценти.

 

Категории: Вести