ФАО индексот на цените на растителното масло во просек изнесуваше 185,9 поени, со раст од 4,2 % во однос на претходниот месец, што претставува историски максимум.
Порастот е резултат на високите цени на палминото масло, сојата, маслодајната репка и маслото од сончогледово семе. По краткотрајниот пад, меѓународните цени на палминото масло закрепнаа во јануари, главно поткрепени со загриженоста за можното намалување на достапноста на извозот од Индонезија, најголемиот светски извозник на палмино масло, како и намаленото производство во клучните земји-производители. Светските цени на сојата, исто така, закрепнаа, поддржани од силните увозни набавки, особено од Индија.
Во меѓувреме, цените на маслото од семе од репка и сончоглед беа зголемени како резултат на долготрајната затегнатост на понудата и зголемената глобална побарувачка за увоз. Зголемувањето на цените на суровата нафта, исто така, имаше удел во зголемување на меѓународните цени на растителните масла.
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.