Владата ја усвои одлуката со која Шар Планина е прогласена за национален парк и со тоа добива дополнителен степен на заштита на природното богатство.
Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за национален парк, нашата држава го добива четвртиот национален парк и прв од прогласувањето на независноста, со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија на Северна Македонија.
Со оваа одлука Владата спроведува континуирани политики за заштитата на природата, за зачувување на уникатните природни вредности, за заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија.
Слични Новости

Драстично поскапување на храната, цените ќе растат и до 50 отсто – бизнисот обвинyвa дека државата нeмa cлyх
