Јетон Шаќири е новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Јетон Шаќири е новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Јетон Шаќири ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, потврдија извори на ДУИ.

Шаќири досега беше на чело на Министерството за информатичко општество и администрација. Според договорот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, Алтернатива го презема МИОА.

Ресорот земјоделство, на чие чело беше Аријанит Хоџа од Беса, ѝ припадна на ДУИ.

 

Категории: Вести