Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17% %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 ден/кг и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 1,50 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,00 ден/лит и 77,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 65,50 ден/лит.