Европската Kомисија ќе започне со конструктивен дијалог во врска со вештачките ѓубрива како дел од напорите за справување со нарушениот пазар предизвикан од војната во Украина. Оваа комуникација ќе овозможи подобро разбирање на пазарот на минералните ѓубрива како и потребите на земјоделците, но се уште е далеку од ветената стратегија која што требаше да биде имплементирана на ниво на цела Европска Унија.
„Потребна ни е јасна визија како да се обезбеди економска сигурност за нашите земјоделци во оваа кризна ситуација, но, пред сè – како да се осигура безбедноста на храната за нашето општество“, нагласи еврокомесарот за земјоделство, Јанус Војчеховски.
Сепак, комуникацијата нема да воспостави новитети во eвропската стратегија за ѓубрива и нема да вклучува нови политички активности. Комуникацијата ќе се фокусира на тоа да ја направи индустријата за ѓубрива помалку надворешно зависна, а истовремено да истражува начини да ги направи земјоделците од ЕУ помалку зависни од ѓубрива.
Ова ќе вклучува проценка дали е посветено соодветно внимание во обликувањето на националните планови на прифаќањето на прецизното земјоделство, рационалното планирање на употребата на ѓубрива и поттикнувањето на биолошки и други алтернативи на традиционалните ѓубрива.
Извор: Еуроактив
Комплементарно на оваа проблематика е и проектот „BFERST“, финансиран од страна на ЕУ, кој што се залага за создавање на биобазирани ѓубрива.
Главната цел на Б-ФЕРСТ е да ја интегрира валоризацијата на био-отпадот во плановите за управување со земјоделството преку создавање на нови кружни (циркуларни) и био-базирани синџири кои што започнуваат од биолошкиот отпад. Благодарение на директната интеракција помеѓу фармерите и секторот за ѓубрива, проектот Б-ФЕРСТ има за цел да ја промени парадигмата на вештачките ѓубрива преку развивање на 8 иновативни ѓубрива: специјализираните хранливи материи ќе бидат обезбедени со прилагодено дозирање приспособено на потребите на земјоделците за да се подобри ефикасноста и одржливоста.
Приоритетите на проектот Б-ФЕРСТ се следни:
- Го валоризира недоволно експлоатираниот био-отпад за одржливо земјоделско управување;
- развива 8 нови производи за широка потрошувачка на зелени ѓубрива кои ќе се продаваат по конкурентни цени;
- ја намалува зависноста на суровините со замена на 15-40% со биолошки отпад;
- ја подобрува одржливоста на вештачките ѓубрива и нивното управување во земјоделството;
- ја намалува потрошувачката на вода и енергија, како и јаглеродот за 10%;
- дефинира упатства за сертификација и стандарди за квалитет на ниво на ЕУ;
- ја подобрува економијата на земјоделците благодарение на развојот на прилагодени хранливи материи.