Во духот на дарувањето – Вредните жени од Рурална Коалиција изработија пакетчиња со здрава храна

Во духот на дарувањето – Вредните жени од Рурална Коалиција изработија пакетчиња со здрава храна

 

Во текот на 2021 година организацијата Рурална Коалиција работеше посветено на воспоставувањето на првиот рурален женски е-пазар “Наша тезга” , кој што има за цел да придонесе кон економското јакнење на жените од руралните средини, но и да ја овозможи нивната социјална инклузија во секоја сфера од општественото живеење.

За таа цел освен што производите на повеќе од 100 жени се поединечно достапни на платформата, овој пат вредните жени изработија и пакетчиња со здрава храна по повод новогодишните и божиќните празници.

Во пакетчињата ќе може да најдете:

  1. 100 грама чипс од лешници ;
  2. 100 грама сушени јапонски јаболка ;
  3. 100 грама сушени јаболка со цимет;
  4. Различни видови на природен чај;
  5. Свежи јаболка;
  6. Сок од јаболко;
  7. Новогодишен украс и
  8. Честитка од списанието Лице в лице

И сето тоа спакувано во торбичка креирана токму од жена од рурална средина.

Со купување на овие пакетчиња придонесувате за економското јакнење и финансиската независност на жените од руралните средини, но и за подобрување на квалитетот на живот и создавање на одржлив рурален развој.

Дознајте повеќе информации на нивната официјалната веб страна на следниов линк.

Категории: Вести