Во 2020 преку ИПАРД програмата исплатени само 357 милиони денари

Во 2020 преку ИПАРД програмата исплатени само 357 милиони денари

 

Во 2020 преку ИПАРД програмата во која Европската унија, заедно со помало учество од државата, доделува грантови за македонското земјоделство. Вкупно биле исплатени само 357 милиони денари, односно 5,8 милиони евра (268 милиони денари се пари на ЕУ, а остатокот од државата). Биле исплатени само 453 корисници, а на одобренијата во Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој работеле само неколкумина во секторот.

Според Извештајот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од барања на земјоделците за повеќе од 80 милиони евра, пари кои претежно ги нуди Европската унија како грантови. При обработката на барањата од јавните повици за ИПАРД програмата во 2020 биле одобрени само помалку од 12 милиони евра.

На првиот повик чии предмети биле обработувани во 2020 пристигнале 261 барање за 44 милиони евра. Биле одбиени 160 барања, а доделени биле грантови од само 3,1 милиони евра. Вториот ИПАРД оглас минал поуспешно – биле поднесени барања од земјоделците за 16,7 милиони евра, а добиле само 8,5. Затоа пак третиот повик минал неславно и преку 748 апликации биле побарани 21 милиони евра, а биле одобрени само 44 илјади евра.

Самата агенција констатира дека се пристигнати многу поголем број на барања во однос на претходните огласи и се многу поголеми во однос на човечките, односно кадровските капацитети што ги има секторот за одобрување на проекти. Само барањата кои се предмет на комплетна документација се предмет на обработка, но од таму велат дека тоа е затоа што има недоволен човечки капацитет за извршување на сите предвидени активности и недоволно обучен кадар. Дополнително, обработката на предметите доцнела и поради Ковид-19, односно поради одлуката голем број од вработените да не доаѓаат на работа.

Од Агенцијата во извештајот за 2020 имат бројни поплаки на редуцираното ниво на поддршка од државата во поглед на контролите на терен, но и на логистичката поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Извор: https://bit.ly/2XS595i