Глобалните цени на месото остануваат на исто ниво како и претходниот месец

Глобалните цени на месото остануваат на исто ниво како и претходниот месец

 

ФАО индексот на цените на месото во просек изнесуваше 115,5 поени во септември, практично непроменет од неговата ревидирана вредност за август и 24,1 поени (26,3 проценти) над неговата вредност во соодветниот месец пред една година. Во септември, глобалните цени за овчо месо дополнително се зголемија, поттикнати од силната глобална побарувачка, додека извозните резерви се повеќе се трошат. Зголемувањето на цената на говедското месо, исто така, продолжи со иста брзина, бидејќи ограничената достапност на добиток за колење во Океанија и Јужна Америка влијаеше на глобалните резерви. Спротивно на ова, по девет месеци последователен раст, цените за месо од живина се намалија поради зголемениот обем на глобалната понуда, додека светските цени на свинското месо исто така се намалија поради помалата побарувачка за увоз од Кина и намалената внатрешна побарувачка, особено во Европа.

фао

Извор: ФАО

фао

Извор: ФАО

месо цени

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести, Пазари