На југоистокот од Србија за викендот имаше страшно невреме кое траеше скоро 48 часа. Силен ветер и град со димензии на лешник и орев причинија големи штети во младите овоштарници, пластеници и постари објекти.
Зафатени земјоделски области од ова невреме беа во Јабланичката и Пчињската околина.
Во општината Лебане, каде што има најголеми произведувачи на домати и каде што се одржува традиционалниот “Парадајз фест” или фестивалот на доматот, невремето причини штети. Оваа година биле засадени околу 4 милиони садници на домат во таа област и поради моменталната состојба можно е фестивалот да биде откажан.
Во Грделичката клисура паднатиот град имал димензии на кокошкино јајце и голем дел од крововите на складиштените капацитети за жито биле уништени.
Во текот на оваа недела со помош на тешка механизација ќе бидат расчистени патиштата и надлежните комисии ќе извршат прва процена на предизвиканите штети.
Извор: agromedia.rs