Дали надлежните се „оправдуваат” за настанатите штети – Колку функционирa нашиот систем против појава на град
Имаме редовно мониторирање на временските услови од УХМР и редовно засејување на облаците со сребро јодид од страна на Аероклуб Скопје се вели во соопштението издадено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Но, и покрај известувањето од страна на МЗШВ во Битолско, Прилепско, Преспанско како и на други места низ државата беа пријавени огромни штети причинети од град врз земјоделските култури. Оваа метода која што се користи во Македонија за намалување на дијаметарот на замрзнатите топки се користи во повеќе земји во светот и претставува една од најуспешните методи во борбата против нестабилните временски услови и неприлики. И покрај известувањето издадено вчера, се поставува прашањето колку е ефективен механизмот на УХМР и Аероклуб Скопје во борбата против град, бидејќи штетите кои што беа направени се непоправливи и голем дел од земјоделците ќе останат без можност за продолжување на производството како и трпење на големи финансиски загуби.
За тоа како изгледа процесот на засејување на градоносни облаци кликнете на линкот за да го погледнете видеото објавено од МЗШВ минатата година: https://fb.watch/6iET-9gTeA/