„Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна – при УКИМ во Скопје

„Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна – при УКИМ во Скопје

 

Во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при УКИМ во Скопје, поддржани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, во наредните неколку денови во просториите на Факултетот ќе се одржат „Денови на кариера“. „Деновите на кариера“ содржат четири последователни настани, организирани во периодот од 13 декември 2021 (понеделник) до 16 декември 2021 (четврток).

Деновите на кариера

Под мотото „Запознај го својот иден вработен/работодавец!“ ќе се организира Кариерен Ден со цел да се поврзат студентите со потенцијалните работодавци. Настанот ќе се одржи на 15 декември 2021 (среда), од 10:00 до 14:00 часот. Директна средба „Студент-Работодавец“ ќе се реализира по пат на организиран Саем на кариера, во аулата на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Истовремено, овој ден ќе ги поврзе и главните чинители од јавниот и од бизнис секторот со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, со цел согледување на потребите на институциите и бизнис заедницата и можностите за прилагодување на студиските програми, практиканството и можностите за вработување.

Деновите на кариера

Поврзувањето на академската заедница со бизнис секторот и институциите ќе придонесе за развој на земјоделско-прехранбениот сектор во Р.С. Македонија. Како резултат на ова поврзување ќе произлезе и потпишување на Меморандум за соработка на претставници од бизнис заедницата со Факултетот, во кој освен начините ќе се утврдат и можностите за понатамошна меѓусебна соработка.

 

 

Категории: Вести