ДЗС: Во третиот квартал откупот и продажбата на земјоделски производи минимално зголемени во однос на лани

ДЗС: Во третиот квартал откупот и продажбата на земјоделски производи минимално зголемени во однос на лани

 

 

Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), во третото тримесечје од 2021 година, откупот и продажбата на земјоделски производи  изнесува  4 978 219 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 0.7 %.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 3.6 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 4.3 %.

Зголемување е забележано кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и алкохолните пијалаци, а кај другите земјоделски производи е забележано намалување.

Во однос на индексот на цените во земјоделството во октомври 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 14.9 %, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 3.6 %.

Во октомври 2021 година, во споредба со  октомври 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 115.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 105.6.

Во делот аутпут, во  октомври 2021 година, во споредба со октомври 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 104.6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.5.