Жетвата на јачмен во ек – Какви се приносите и цената?

Жетвата на јачмен во ек – Какви се приносите и цената?

Земјоделците кои одгледуваат јачмен веќе ја привршуваат сезонската жетва.

Сепак, временските прилики со невреме и град во последните денови предизвикаа загриженост за приносите, односно дали жетвата ќе биде богата како и претходните години. Годинава поради врнежите на крајот на пролетта се очекува да даде поволни резултати за одгледувачите на житни култури.

Според информациите кои ги сподели заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски засега жетвата на јачмен се одвива без поголеми проблеми.

Приносите се движат од 4 до 4,5 тони во зависност од регионот, а некаде просекот изнесува до 3 тони. Засега просечната откупна цена изнесува 11 денари што е повисоко во однос на ланската година кога откупот се вршеше по 7,5 денари.

Земјоделците сметаат дека секоја цена на житните култури под 12 денари е целосно неисплатлива за нив.

Една од пораките на заменик министерот е тие земјоделци што се во можност да го складираат јачменот чекајќи повисока цена во наредниот период.

Фото: Adobestock

Категории: Вести

Слични Новости