Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување на барањата за субвенции

Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување на барањата за субвенции

Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување на барањата за субвенции. Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај, но беше продолжен до 30 јуни 2021г.

-Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено, информира тогаш МЗШВ.

Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.

Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.

Со напомена до земјоделците пред да ги поднесат барањата за субвенции, да ги ажурираат податоците,  да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција, потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.

Од државниот буџет за финансиската поддршка во земјоделствотооваа година  се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.