Златните житни полиња на „ЗК Пелагонија“ спремни за жнеење – Министерот Хоџа посака бериќетна жетва

Златните житни полиња на „ЗК Пелагонија“ спремни за жнеење – Министерот Хоџа посака бериќетна жетва

 

Средина е на летото и житните култури се веќе спремни за жетва. Приносот на житните полиња на ЗК „Пелагонија“ ги задоволува очекувањата. По тој повод се одржа манифестацијата „Денови на жетва – жито за живот“.

„Нема поголема радост за земјоделецот од онаа кога ги жнее плодовите од својот труд. А особено кога годината е родна и жетвата е богата, па е најдобра награда за вложениот труд“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и додаде дека, според податоците од подрачните единици на Министерството, обработливата површина под пченица во 2021 година изнесува околу 79.000 хектари, што е зголемување од 7 % во однос на 2020 година.

Оваа година се очекува просечен принос од 3.200 до 3.500 килограми од хектар или вкупно околу 260.000 тони пченица.

Министерството за земјоделсво, шумарство и водостопанство го поддржува производството на пченица која е стратешки производ за нашата држава, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и тоа со 12.000 денари по хектар, за засеана пченица со сертифициран семенски материјал. Пченицата како и другите житни култури, се поекономични и рентабилни доколку се произведуваат на поголеми површини. За таа цел, Владата и Министерството имаат предвидено поголема финансиска поддршка за засеана пченица со сертифициран семенски материјал, за површини од 5 до 50 хектари и тоа со поддршка од 14.400 денари по хектар, информира ресорното министерство.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.