Зошто да јадете лубеница секој ден?

Зошто да јадете лубеница секој ден?

 

Лубеницата е совршена летна храна! Покрај тоа што е вкусна и освежителна, лубеницата содржи малку калории и е одличен извор на витамин Ц. Ако лубеницата стане дел од вашата исхрана во текот на летото, не само што ќе имате соодветно освежување и вкусна ужина, туку ќе добиете и многу здравствени придобивки.

Лубеницата содржи растителни влакна кои добро влијаат на работата на  дигестивниот систем, а исто така содржи и  калиум, минерал кој го подобрува протокот на крвта и  помага во регулирање на крвниот притисок. Високите нивоа на калиум помагаат и во  задржувањето на калциумот, кој ги одржува вашите коски и зглобови здрави и силни.

Лубеницата содржи и липкопен,  антиоксиданс кој  помага во борбата против срцевите заболувања и позитивно влијае врз целиот имунолошки систем. Липкопенот има важна улога во развојот и одржувањето на здрави коски.

Лубеницата е добар извор и на витамините А и Ц. Витаминот Ц го стимулира телото да произведува колаген, протеин кој и дава еластичност на кожата, а витаминот А помага во ревитализицијата и навлажнувањето на вашата кожа.

Лубеницата содржи околу 90% вода и има малку калории, што ја прави идеална храна за сите оние кои сакаат да ги намалат килограмите и да го прочистат организмот од штетни токсини. Лубениците содржат и цитрулин, аминокиселина која помага при согорување на маснотиите и во намалување на болката во мускулите по физичка активност. Затоа ако претерате со пливање, пешачење или слични физички активности, посегнете по сок од лубеница за да се ослободите болките во мускулите.

Уживајте во вкусот на лубеницата ова лето, можете да се напиете сок од лубеница.

 

Категории: Здрава храна
Tags: Храна