Какви минерални блокови да употребите за поголемо здравје на добитокот?

Какви минерални блокови да употребите за поголемо здравје на добитокот?

 

За правилен раст и развој на добитокот потребно е внес на одредени количини на соли кои што ќе овозможат нормално функционирање на метаболизмот, односно ќе овозможи непречена размена на јони во животинските клетки. Исхраната која што е надополнета со соли ќе придонесе кон оддржување на апетитот и зголемување на телесната тежина кај животните.

Минералните соли се неоргански соединенија кои се суштински состојки на храната. Застапени се од околу 1 до 1,5% од вкупната маса на организмот. Повеќето од минералните соли се во растворена состојба, наполно дисоцирани на јони, и тоа како катјони (натриум, калиум, магнезиум, калциум итн.) и анјони (хлор, фосфор итн.). Учествуваат во значајни метаболитички процеси, како активатори на ензимите. Тие се и структурни компоненти на молекулите. Минералните соли се потребни и за одржување на мембранскиот потенцијал и за нормална активност на клетката.

минерални блокови

минерални блокови

На пазарот може да се најдат неколку видови на соли и тоа: камена сол (потекнува од руда), морска сол (потекнува од испарување на морска вода) и варена сол (потекнува од извори на солена вода). Квалитетната сол треба да биде денатурирана и јодирана со 10 милиграми на калиум јодид, без мирис и без горчлив вкус.

Минералните соли треба секојдневно да се внесуваат. Поради специфичниот механизам на апсорпција тие не се акумулираат во организмот и доколку ги има во преголема количина организмот ги исфрла преку урина и фецес.

Минералните блокови се најкористени минерални додатоци при одгледување на добиток. Тие се комбинација од соли и витамини кои придонесуваат кон целокупното здравје на добитокот. Внесот на минералните материи во организмот на животните резултира со подобрена состојба на дигестивниот систем, зајакнување на коските, подобрување на квалитетот на крзното и кожата, зголемување на приносите на млеко и месо.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Сточарство