Како да ја пресметате потребната количина на семе од пченица?

Како да ја пресметате потребната количина на семе од пченица?

 

Создавање на совршен склоп од растенија при производство на зимска пченица има огромно значење во подоцнежните периоди од вегетациската сезона, како и во степенот на интервенција што треба да се направи при извршување на агротехничките операции. Совршен склоп од растенија, односно точно одреден број на изникнати растенија кои што се потребни на еден хектар (или површината со која располага земјоделецот) може да придонесе кон создавање на униформен раст, успешна борба со плевели, намалување на стапката на потенцијалните штети кои што можат да бидат предизвикани од патогените микроорганизми и штетници, поефикасна апликација на пестициди и намален ризик од полегнување на посевот.

Одредувањето на вистинската количина на семе која што треба да се посее на одредена површина се изведува според следната формула:

 С= А х Б / В х Г х 100 кг/ха

Каде што:

С е потребната количина на семе во килограми на хектар

А е апсолутната маса на семе изразено во грам (маса на 1000 зрна)

Б е планиран број на растенија по хектар

В е чистина на семе претставена во проценти

Г е ‘ртливост на семе претставено во проценти

За полесно пресметување водете се според следниов пример:

Според претходниот текст за сеидба на пченица, ќе ја земеме бројката од 650 никнати растенија на метар квадратен, семе со апсолутна маса 42 грама, 98% чистота на семе, вкупна ‘ртливост од 85%.

С е потребната количина на семе во килограми на хектар

А = 42 грама

Б  = 650 никнати растенија

В = 98%

Г = 85%

С = 42 х 650 / 98 х 85 x 100 кг/ха

С = 27,330/8,330 х 100 кг/ха

С = 3.27 х 100 кг/ха

С = 327 кг/ха

Според овој пример можете да ја пресметате посакуваната количина на семенски материјал што ќе биде употребена. Сите потребни информации се наведени на етикетата при купување на семенскиот материјал.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести, Култури