Која иновативна техника ја заменува употребата на пластичниот мулч и не остава отпад?

Која иновативна техника ја заменува употребата на пластичниот мулч и не остава отпад?

 

Мулчирањето претставува покривање на почвената површина со различни материјали во насока на подобрување на животната средина на градинарските култури од кои подоцна ќе се добие поголем принос. 

Основната цел на мулчирањето е да се оневозможи раст и развој на плевелната вегетација која е присутна на обработливите површини. Првата имплементација и испитување на полиетиленскиот мулч било направено на парцели со грав и домат во 1956 година. Од втората половина на дваесеттиот век започнува интензивна експлоатација на пластичната фолија за земјоделско производство. Иако придобивките со користење на овој тип на мулч се многубројни, загрижува фактот што по завршувањето на производствената сезона не постои соодветен начин на отстранување на пластичниот отпад. Големи количини на пластика остануваат на полињата во вид на микро честички кои во својот состав содржат токсини кои што ја загадуваат водата и го блокираат развојот на микроорганизмите во почвата Пластичниот мулч не е соодветен за рециклажа бидејќи е невозможно да се исчисти од другите остатоци кои се прилепени на него (делови од растенија, почва, инсекти и друго) и не ретко се среќаваме со купишта на соберена пластика која подоцна се пали.

Сите загрижувачки фактори наведени погоре може да бидат минато, бидејќи една австралиска истражувачка организација развила биоразградлива полимерна мембрана која што може да го замени пластичниот мулч. Оваа биоразградлива мембрана е во вид на течност која што се аплицира врз почвата во редовите кои што обично би требале да бидат покриени со полиетилен. 

Главниот истражувач и човекот кој стои позади оваа идеја д-р. Кит Бристов ја развил биоразградливата мембрана со една цел: „Моето гледиште во врска со ова идеја е да можат сите земјоделци да ја користат мембраната, дури и оние кои што имаат една обична рачна прскалка”. 

По извршувањето на експериментите кои се покажале како успешни, мембраната влегува во втора фаза на развој каде што треба да се усовршат одредени проблематики, како што е дебелината на слојот и цената на продуктот при масовно производство.

мулч

Извор: ЦСИРО

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган

 

 

Категории: Вести