Сточарите ги добија субвениите за 2020 година во износ од над 1 милион евра. Директотор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски соопшти дека се исплатени средства на сметките на 11.785 субјекти.
,,Почитувани сточари,
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес на сметките на 11.785 субјекти исплати 617.6 милиони денари.
Исплатата е по основ на субвенции за обележани грла говеда и кози како и задржано женско јагне.
Исто така исплатени се и 11.4 милиони денари за 206 тутунари кои во меѓувреме ги подмириле долговите кон ЈП Пасишта и водостопанските претпријатија.
Во наредните денови се очекува да продолжи исплатата за засеани и ожнеани површини со сертифициран семенски материјал и презимени пчелни семејства
Во периодот што следи ќе се финализира и обработката на апликациите за произведено и предадено млеко по што ќе следи исплата по основ на оваа мерка.”