Дали треба да се осврнеме наназад за да тргнеме напред: Валидирање на екосистемските придобивки од легуминозните растенија

Дали треба да се осврнеме наназад за да тргнеме напред: Валидирање на екосистемските придобивки од легуминозните растенија

 

Големиот истражувачки и иновативен проект од 6,2 милиони евра наречен „LegumES“ е финансиран од Европската комисија, швајцарската и британската влада. 4-годишниот проект штотуку го започна своето истражување и иновациско патување и претставува одговор на итната потреба да се валидираат и квантифицираат „придобивките од екосистемските услуги“ што ги нудат легуминозните растенија.

Терминот „придобивки од екосистемските услуги“ се однесува на значајните функции кои се добиваат директно или индиректно од природата и кои ги поткрепуваат биогеохемиските циклуси кои ја поткрепуваат благосостојбата на луѓето и сите други форми на живот. Придобивките вклучуваат значајни одредби како храна, чиста вода, добра почва и добро функционални природни живеалишта кои ја одржуваат биолошката разновидност. Како такви, квантификацијата и валидацијата на овие придобивки е од особено значење поради егзистенцијалната закана предизвикана од климатските промени и деградацијата на животната средина. Во овој контекст на „заштита на животот“, мешунките се важна група на растенија, како во нивната природна и дива форма, така и во средините каде што се култивираат, но сепак тие остануваат недоволно искористени низ Европа.

Во природните средини, дивите мешунки вклучуваат видови како што се лупин, сладок грашок и неколку други видови мешункасти растенија кои се многу важни од еколошки аспект, а воедно се карактеризираат со нивната способност да виреат во почви сиромашни со хранливи материи. Ова се постигнува со симбиоза која мешунките ја имаат со класа на почвени микроби кои колективно се нарекуваат „ризобија“, кои ги инфицираат корените на мешунките и го фиксираат атмосферскиот азот во биолошки корисни форми во замена за енергија (испорачана во форма на „фотосинтат“ односно „шеќер“ добиен од фотосинтезата на растенијата). Овој процес се нарекува „биолошка фиксација на азот“ и се спроведува во специјализирани органи наречени „јазли на коренот на мешунките“. Дивите мешунки се важни видови кои честопати се првите видови што ги колонизираат соголените, деградирани или напуштени почви и го подобруваат квалитетот и еластичноста на таа почва. Мешунките исто така обезбедуваат есенцијално засолниште и хранливи материи за другите диви организми и над и под површината на почвата. Исто така, некои видови диви мешунки се загрозени. Во земјоделските системи, мешункастите култури како грашок, грав и некои видови на детелина имаат слични функции – ја намалуваат зависноста од употребата на синтетички азотни ѓубрива, обезбедуваат ресурси за опрашувачите и природните непријатели на штетниците, притоа подобрувајќи ги процесите во почвата кои поттикнуваат природен азот и јаглероден циклус за ограничување на загадувањето на водата и воздухот преку проток и загуби на стакленчести гасови.

За да помогне во зајакнување и поефективно управување со дивите мешунки, како и  употребата на култивирани мешунки – проектот „LegumES“ усвојува пристапи за „кооперативно истражување“ и „ко-креирање на знаење“ преку ангажирање на земјоделците, земјоделски кооперативи, како и управители на земјишта кои водат грижа за мешунките во земјоделски и природни услови. Ова кооперативно партнерство ќе помогне да се обезбеди идентификување, елаборирање и прифаќање на најдобрите практики за зачувување и одгледување на мешунките. Исто така, овој групен пристап се обидува да развие и да ја вклучи употребата на нови пристапи и алатки за квантифицирање на придобивките од екосистемот од мешунките. Ваквите методологии и алатки се од интерес на управителите на земјишните површини и самите земјоделци; тие понатаму ќе апелираат до сите чинители во синџирот на вредност кои се обидуваат да ја докажат нивната улога во обезбедувањето поодржливи и поотпорни екосистеми. Дополнително, проектот ќе ги охрабри засегнатите страни да станат активни чинители во проектот, па дури и да бидат платени преку конкретни договори за Кооперативно истражување.

Проектот „LegumES“ научно е координиран од Пиетро Јанета (James Hutton Institute), преку неговата заедничка назначеност како Асистент Професор (Universidade Católica Portuguesa) и како Виш Научник во Истражувачката Група „PlanTech“ при Центарот за Биотехнологија и Фина Хемија (CBQF), во Порто (Португалија). Високо амбициозниот проект ќе се реализира од страна на мултидисциплинарен конзорциум од 22 партнери, од 12 земји во ЕУ, плус Швајцарија и Велика Британија. Партнерството вклучува научно-истражувачки организации, микро, мали и средни претпријатија, големи компании и невладини организации, што претставува вистински мултидимензионален предизвик со кој се соочуваат партнерите.

Во многу прехранбени култури ширум светот, култивираните и дивите мешунки историски обезбедуваат храна богата со хранливи материи како главен извор на издршка за луѓето и домашните животни, како и за обезбедување континуирана благосостојба на земјиштето на кое тие растат. Сепак, нивото на одгледување и потрошувачка на мешунките низ Европа останува далеку под минималните прагови неопходни за оптимизирање на одржливо производство и за да се помогне во исполнувањето на препорачаните диететски упатства. Координаторот на проектот, Професорот Пиетро Јанета, истакна дека “низ Европа се соочуваме со ситуација каде мораме да се вратиме на историските нивоа на култивација на мешунки, ако сакаме да напредуваме и да се справиме со големите цивилизациски предизвици“. Затоа, иако производството и консумацијата на храна базирана на зрното на легуминозните растенија можеби е во пораст, оваа храна значително помалку е веројатно да биде произведени во “домашни услови”, односно одгледана во или близу до регионите каде што се консумира. Според тоа, потенцијалните еколошки, економски и прехранбени придобивки на мешунките дека не мора да се реализираат само преку мешунките што се одгледуваат „дома“; исто така, големата зависност од увезените зрна од мешунки значи дека се губат мултиеколошките и социо-економските придобивки од истите.

Заменик-координаторката проф. Марта Васконселос додаде „Поддршката за поодржливо земјоделство се префрла кон моделот ‘јавни пари за јавни добра’, што значи дека се бараат придобивки од функцијата на екосистемот. Сепак, точниот обем на потенцијалните придобивки што ги нудат мешунките останува да се потврди и квантифицира во социјална, еколошка, како и економска смисла“. Ова не е едноставен потфат, бидејќи придобивките се акумулираат и балансираат во размери од нива и фарма до оние на регионално и национално ниво, па така и на меѓународно ниво. Затоа, проектот „LegumES“ ги разгледува опциите „оддолу нагоре“ и „одозгора надолу“, од фармери и земјоделските кооперативи до деловно управување и владини политики.

 

За повеќе информации за проектот, обратете се на следните мејлови:

 

или посетете ја страната www.legumesproject.eu [вебсајтот е сѐ уште во изработка]

Во меѓувреме, потребните информации за проектот можете да ги најдете тука:
https://cordis.europa.eu/project/id/101135512

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Слајдер