МЗШВ организира јавна расправа за Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028)

МЗШВ организира јавна расправа за Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028)

 

 

МЗШВ организира јавна расправа за Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028) Јавната расправа ќе се одржи на 19 октомври (вторник) со почеток во 10:00 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028) е обезбеден преку проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој финансиски поддржан од Европската унија, а имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Визијата на стратегијата е да се создаде подобра иднина во која земјоделските задруги ќе можат да ги подобрат своите економски резултати и да го засилат своето социјално влијание без да го зголемат својот еколошки отпечаток.Ова ќе се постигне со одделување на економскиот раст од еколошкото влијание и негово поврзување со социјалното влијание.Иновациите и технологијата ќе играат клучна улога за постигнување на целите на стратегијата.