Намалување на цените на горивата од полноќ

Намалување на цените на горивата од полноќ

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 ден/кг и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 1,50 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00  ден/лит и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,00 ден/лит, додека пак од полноќ цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит.

 

Категории: Вести