На повидок уште еден иновативно – еколошки концепт во индустријата на тракторите
Групацијата АУГА, најголемиот вертикално интегриран производител на органска храна во Европа, го разви и го претстави првиот хибриден трактор во светот – АУГА М1. Ова е уште еден чекор во понудата на технолошки решенија кои ќе го елиминираат загадувањето на климата во целиот синџир на снабдување со храна, без производството да оди на сметка на животната средина.
„Пред три години, кога првпат ги пресметавме емисиите, видовме дека дури 30 проценти од нив доаѓаат од употреба на фосилни горива на фармата. Но, тогаш едноставно немаше решенија за решавање на проблемот. Затоа ја преземавме иницијативата во развојот на технологии што ќе ни овозможат да создадеме нов стандард за одржливо земјоделство и драстично да го намалиме загадувањето низ синџирот на вредност на храната. Првиот резултат од оваа работа е трактор кој работи на биометан со електричен погон “, вели извршниот директор на АУГА, К. Јушчиус.
Патентираниот дизајн овозможува во тракторот да се сместат поголеми цилиндри за биометан. Тракторот AUGA M1 користи хибриден биометан-електричен систем за гориво. Кога тракторот е во функција, мотор со внатрешно согорување напојуван од биометан генерира енергија и ја пренесува директно до електричните мотори што ги вртат тркалата.
Кога работи под нормални услови кои не бараат голема моќност, тракторот ја складира генерираната резерва на енергија во батериите. Таквиот систем не троши енергија во услови на ниско оптоварување, користи релативно мал, но ефикасен мотор и е во состојба да извлече огромна моќност кога е потребно. Овие решенија му овозможуваат на тракторот да работи до 12 часа.
https://www.youtube.com/watch?v=VafYH3EDP1M&ab_channel=Auga
Извор: auga.lt