На светските берзи цената на пченицата сѐ уште во нагорна линија – Зголемени цените на житните култури

На светските берзи цената на пченицата сѐ уште во нагорна линија – Зголемени цените на житните култури

 

ФАО Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 129,8 поени за месец август, што е за 3,4 проценти повисоко во однос на јули и 31,1 проценти над нивото во август 2020 година.

Намалените приноси во неколку големи земји извознички ги зголемија светските цени на пченицата за 8,8 проценти. За другите житарици е потешко да се дефинира трендот на движење на цените.

Производството на јачмен, особено во Канада и Соединетите Американски Држави, помина послабо од очекуваното, а зголемените цени на пченицата придонесоа за зголемување на меѓународната вредност на јачменот за 9,0 проценти од јули. Од друга страна, цените на пченката забележаа мал пад од 0,9 проценти.

Зголеменото производство во Аргентина, ЕУ и Украина ги ублажи ефектите од негативните прогнози за производството во Бразил и САД. Во меѓувреме, меѓународните цени на оризот продолжија да се движат по  надолна траекторија, пред се поради напорите да се промовира продажбата во странство, но исто така големо влијание во август имаа и промените кај валутите.

Житарици Август

Извор: ФАО

Житарици Август

Извор: ФАО

Житарици Август

Извор: ФАО

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари