Новитетите во стратегијата „Од фарма до вилушка“ на ЕУ ќе го подобрат квалитетот на храната и ќе го направат нејзиното производство поодржливо
Европратениците ги презентираа плановите за реструктуирање на прехранбениот систем на ЕУ, за производство на поздрава храна, обезбедување безбедна храна за сите, праведен приход за земјоделците и намалување на еколошкиот отпечаток на земјоделството.
ЕУ Парламентот ја поздравуви стратегијата „Од фарма до вилушка“ и ја нагласи важноста од производство на одржлива и здрава храна, како би се постигнале целите на Европскиот зелен договор, вклучително и за климата, биодиверзитетот, нула загадување и јавното здравје.
Европратениците ја истакнаа потребата за зголемена одржливост во секој чекор од синџирот на снабдување со храна и повторија дека секој – од земјоделец до потрошувач – има улога во тоа.
За да се осигураат дека земјоделците ќе имаат можност да добијат фер дел од профитот од одржливо произведената храна, европратениците побараа Комисијата да ги зајакне напорите – вклучително и преку прилагодување на законите за конкуренција – за зајакнување на позицијата на земјоделците во синџирот на снабдување.
Другите препораки вклучуваат:
- Поздрава храна
– Научно засновани препораки на ЕУ за здрава исхрана, вклучително и задолжителна ЕУ ознака за хранливост на предната страна на пакувањето
– Мора да се реши прекумерното консумирање месо и преработки од храна со висока содржина на сол, шеќер и масти – вклучително и поставување на препораки за максимални нивоа на внес
- Пестициди и заштита на опрашувачите
– Подобрување на процесот на одобрување пестициди и подобро следење на имплементацијата за заштита на опрашувачите и биодиверзитетот
– Обврзувачки цели за намалување за употреба на пестициди. Земјите-членки треба да ги имплементираат целите преку нивните стратешки планови на ЗЗП
- Емисии на стакленички гасови (GHG)
– Пакетот „Fit for 55 in 2030“ мора да регулира и постави амбициозни цели за емисиите на стакленички гасови од земјоделството (и искористување на земјиштето), вклучувајќи строги критериуми за обновлива енергија базирана на биомаса
– Природните резервоари на јаглерод мора да се обноват и да се подобрат
- Благосостојба на животните
– Потреба од заеднички, научно засновани индикатори за благосостојбата на животните за посилна паневропска хармонизација
– Сегашното законодавство на ЕУ мора да се евалуира за да се види дали се потребни промени
– Постепено забранување на употребата на кафезите во европското сточарство
– Производите од животинско потекло кои не се по потекло од ЕУ треба да бидат дозволени само доколку нивните стандарди се усогласени со ЕУ стандардите
- Органско земјоделство
– Органското земјиште на ЕУ треба да се зголеми до 2030 година
– Потреба од иницијативи – промоција, јавни набавки и фискалнa политика – за стимулирање на побарувачката
Резолуцијата беше усвоена со 452 гласа „ЗА“, 170 „ПРОТИВ“ и 76 воздржани. Гласањето се одржа на 19.10.2021 во вторникот, а резултатите беа објавени во средата. Дебатата можете да ја погледнете овде.
За во иднина, Комисијата планира голем број законски предлози во рамките на Стратегијата „Од фарма до вилушка“.
Извор: www.europarl.europa.eu