ФАО индексот на цени на шеќерот во просек изнесуваше 120,1 поени во август, што е за 10,5 поени (9,6 проценти) повеќе во однос на јули и претставува петти последователен месечен раст и највисоко ниво од февруари 2017 година.
Причината за раст на цените се штетите кои биле предизвикани од мраз во Бразил – најголемиот извозник на шеќер во светот, во комбинација со негативното влијание од пролонгираната суша. Од друга страна, поголемите месечни зголемувања на цените беа спречени пред се поради намалување на цените на суровата нафта и слабеењето на бразилскиот реал во однос на американскиот долар. Поволните услови за производство во Индија и Европската унија, исто така, придонесоа за ограничување на нагорниот тренд на глобалите цени на шеќерот.
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.