Нуредини: Креираме и реализираме применливи зелени политики за да ја оствариме „Зелената агенда“ на Балканот

Нуредини: Креираме и реализираме применливи зелени политики за да ја оствариме „Зелената агенда“ на Балканот

 

Во Виена се оддржа конференцијата „Зелен економски круг“ , на која се презентираа и промовираа одржливи, иновативни и зелени деловни решенија, производи и компании. Исто така и се промовираа и активностите на креаторите на политиките и на граѓанските активисти со цел да ги поврзе и да ги охрабри за соработка во градењето на позелена економија во надминувањето на сегашната криза.

На конференцијата, како главен говорик настапи Насер Нуредини, министерот за животна средина и просторно планирање. Тој во своето излагање се осврна на спроведувањето на зелената агенда на Западен Балкан и го претстави во Р.С.Македонија и го претстави планираното поврзување на националната климатска заложба со зелени мерки за опоравување од Ковид-19 кризата.

„Креираме и реализираме применливи зелени политики за да ја оствариме „Зелената агенда“ на Балканот како нов пристап за одржлив економски развој и обновување на природните еко-системи. Ја демистифицираме зелената економија со доближување до потрошувачот, стимулирање на приватните инвестиции со конкретни предложени мерки како енергетска ефикасност, соларна енергија, еко системски услуги и е-мобилност. Работиме на обезбедување на праведна енергетска транзиција на економијата со креирање на зелени работни места, системски планирана финансиска поддршка на екомските оператори и на индивидуалните домаќинства“– изјави Нуредини на форумот.

За време на конференцијата, Нуредини оствари и средба со австрискиот федерален министер за дигитализација и економски прашања Маргарет Шрамбок, на која разговараа за можностите за продлабочување на економската соработка во остварувањето на зелената агенда со Австрија, како еден од главните инвестициски партнери на Р.С.Македонија.

 

Категории: Вести

Слични Новости