Обид на научници да научат крави како да користат тоалет за да ја спасат планетата

Обид на научници да научат крави како да користат тоалет за да ја спасат планетата

 

Новозеландски и германски научници успешно истренирале крави да уринираат во посебни области, со надеж дека ова ќе помогне да се намали загадувањето на водата и емисијата на стакленички гасови.

Истражувачите од Универзитетот во Окленд, Линдзи Метјуз и Даглас Елиф, работеа со 16 телиња на фарма, управувана од Истражувачкиот институт за биологија на животни во Германија.

Заедно со германските колеги, двојката покажа дека повеќето телиња можат да се научат да ја „задржат“ урината, се вели во соопштението.

Кога кравите уринирале на погрешно место, научниците ја активирале опцијата вибрирање на нивните околувратници.

Телињата биле наградувани со храна кога уринирале во „вецето“, познато и како MooLoo.

„Така некои ги тренираат децата – ги ставаат во тоалет, чекаат да уринираат, а потоа ги наградуваат ако го сторат тоа“, рече Метјус.

„Излезе дека методот функционира и со телиња“.

До крајот на 15-дневната обука, три четвртини од животните уринирале во тоалетот.

„Ако можеме да собереме 10 или 20 проценти од урината, значително ќе ги намалиме емисиите на стакленички гасови и емисиите на азот во природата“, рече Елиф.

„Реакцијата на луѓето е – луди научници – но всушност, успеавме да поставиме темели“, рече Метјуз.

 

Извор: kajgana.com

Категории: Вести, Иновации