Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг воден/кг и сега ќе изнесува 37,719 ден/кг.
Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50, а малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се ќе остане иста и ќе изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,00 ден/лит.
Категории:
Вести