Никица Бачовски директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираше дека до 9 јули, отворен е новиот повик кој е наменет за развој на рибарството и аквакултурата.
Право на аплицирање имаат сите кои во период од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците, како и субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2020 – декември 2021 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот.
На овој повик, може да аплицираат и сите кои набавиле подмалдок, а се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ, но подмладокот кои го имаат треба да е купен од субјекти кои имаат дозвола за производство на порибителен материјал, од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2020 – декември 2021 година.
Бачовски, информира дека максималната вредност на прифатени трошоци за порибителен материјал е 40% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.
„Финансиската поддршка за порибителен материјал се исплаќа скалесто и тоа: за купен сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот. За купен сопствен подмладок од 2.500 кг до 5.000 кг, поддршката изнесува 75% од вредноста на утвредната цена на подмладокот, додека 25 % финансиска поддршка, ќе добијат сите кои имаат сопствен или купен подмладок над 7.500 килограми. Исто така преку овој повик, поддршка можат да добијат и сите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура а во период од 1 ноември 2020 до март 2021 година направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите додека биле во природен мрест. Како прифатливи трошоци согласно програмата се сметаат : рибочувари, набавено гориво за пловни објекти во сопственост на концесионерот или даден на користење на концесионерот, изнајмување на пловни објекти од трети лица. Поддршката од потточка 1.6 зависи од условите на теренот и големината на риболовната вода. Поддршка до 30.000 денари може да добијат сите кои имаат направено заштита на риболовните ревири и рекреативни зони, до 150.000 денари поддршка ги следува сите кои направиле заштита на риболовни зони, до 400.000 денари ги следуваат сите кои имаат заштита на риболовните подрачја. “– истакна Бачовски.
Барањата и целокупната документација може да се најдат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk документите се доставуваат во оригален примерок. Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен поштенски плик кој на предната страна во горниот лев агол треба да има ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2021 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето.