ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ: Аплицирај со идеја за дигитално решение за надминување на последиците од КОВИД Пандемијата!

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ: Аплицирај со идеја за дигитално решение за надминување на последиците од КОВИД Пандемијата!

 

Македонско Американската Алумни асоцијација во соработка со Сеавус Акцелератор, а со поддршка на Американската Амбасада во Скопје организираат Повик – Предизвик на тема: Надминување на последиците од КОВИД Пандемијата. Целта на повикот е да ги инспирираме младите креативци да дадат свој придонес во надминувањето на последиците од Ковид 19 преку сопствено оригинално дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата.

За кого е наменет овој повик?
• Млади тимови/стратапи од 3 до 5 членови кои се на возраст до 27 години со идеја за иновативно дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата.

Што добивате?
• Најдобрите три идеи добиваат награда од 3000$, 2000$ и 1000$
• Најдобриот тим ќе добие менторска подршка и можност за влез во Tech Boost програмата на Сеавус Акцелераторот

Аплицирајте на следниот линк: https://forms.gle/zuUhZyJ5fJ9xGLgu7

Краен рок за пријавување – 7ми Ноември.

 

Категории: Вести