Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени

Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени

 

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2021 година е намален за 0.1 процентен поен во однос на ноември 2021 година и изнесува 14.4, а во однос на декември 2020 година е зголемен за 0.7 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2021, во однос на ноември 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на декември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2021 година изнесува 68.8 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.8 %, неизвесното економско опкружување со 14.1 %, недостигот на квалификувана работна сила со 17.5 % и недоволната домашна побарувачка со 13.1 %.

 

Фото: surfacetechnology.co.uk

Категории: Вести