Пчеларите против пашарината како давачка: Оваа такса нема да го подобри пчеларството

Пчеларите против пашарината како давачка: Оваа такса нема да го подобри пчеларството

Пчеларите се против предлог законот за пасишта со кој се предвидуваат нови давачки за пашарина на пчелни семејства ако нивните пчели се поставени на пасиште во државна сопственост за кои нема закуп по пат на јавен оглас или повик или е предмет на колективно напасување.

Vanco kirovski pcelar

Фото: Emli Bendixen

„Ние како пчеларско здружение не гледаме развојна компонента во најавата за воведување на оваа дополнителна давачка. Не го гледаме бенефитот од воведување на пашарината ниту како оваа такса ќе го подобри развојот на пчеларството и самите пчели. Доколку е потребно да се наплаќа нешто, тоа треба да е само местото на кое се поставени сандаците со пчели. Сѐ друго за нас е недефинирано и несфатливо.“ дециден е ставот на Ванчо Кировски, Претседател на Јадрена група на пчелари од брегалничкиот регион Меден Исток.

Што стои во предлог законот, во Член 23 кој го уредува колективното напасување?

(1)   Сите површини кои се под култура пасишта а кои не се опфатени со договор за закуп по пат на јавен оглас или јавен повик се предмет на колективно напасување.

(2)   Колективното напасување може да спроведуваат сите земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот Регистар на Земјоделски Стопанства – во понатамошен текст ЕРЗС, а кои имаат пријавено капацитети за сточарско производство или производство на примарни земјоделски производи од анимално потекло.

(3)   Земјоделските стопанства кои спроведуваат колективно напасување од став (2) на овој член плаќаат колективна пашарина во висина од 0,3% од просечна нето плата исплатена за минатата година во Република Северна Македонија по грло ситен добиток, живина и пчелни семејства и 1% од просечна нето плата исплатена за минатата година во Република Северна Македонија по грло крупен добиток.

(4)   Пашарината од став (3) на овој член се уплатува најдоцна до 15-ти март во тековната година за претходната година на сметка на ЈП пасишта.

Според овие ставови на членот од законот за колективно напасување и пчеларите ќе бидат опфатени со исплата на пашарина на годишно ниво.

Што понатаму?

Рокот за јавна расправа и учество на засегнатите страни во процесот на носење на предлог законот за пасишта заврши на 2 јули. Нацрт верзијата на предлог законското решение со членот 23 за колективно напасување сега ќе се најде во собраниска комисија, а потоа можни се измени само со амандмански интервенции.

Фото: Меден Исток

Х.С.

Категории: Агро Политика, Вести