Светските цени на храната достигнаа рекордно ниво во јануари

Светските цени на храната достигнаа рекордно ниво во јануари

 

Според најновите податоци што ги објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), светските цени на храната пораснаа во јануари и се блиску до највисокото ниво во последните 10 години.

Индексот на цените на храната пресметан од ФАО, кој ги следи месечните промени на цените на најтргуваните прехранбени производи на глобално ниво, во јануари во просек изнесуваше 135,7 поени наспроти ревидираниот декемвриски показател од 134,1 поени.

Агенцијата на ОН ја зголеми проценката на глобалното производство на жито во 2021 година на 2,793 милијарди тони од претходно проценетите 2,791 милијарди тони.

ФАО соопшти дека цените на растителното масло се зголемиле за 4,2 % на месечна основа во јануари и достигнале рекордни нивоа поради намалувањето на обемот на извозот и другите ограничувања од страната на понудата, како што се недостигот на работна сила и неповолните временски услови.

„Постои загриженост дека ефектите од овие ограничувања нема брзо да се ублажат“, рече Бубакер Бен-Белхасен, шеф на Одделот за пазари и трговија на ФАО.

Меѓународните квоти на млеко и млечни производи во јануари пораснаа за 2,4 %, петти месец по ред, а најмногу скокнаа цените на обезмастеното млеко во прав и путерот.

Житариците поскапеа вкупно за само 0,1 % минатиот месец, при што пченката поскапе за 3,8 % во однос на декември поради постојаната суша во Јужна Америка, додека пченицата падна за 3,1 %, на што придонесоа обилните жетви во Австралија и Аргентина.

Цените на месото благо зајакнаа во јануари, додека цените на шеќерот паднаа за 3,1% во однос на претходниот месец, делумно поради поволните производствени изгледи во главните земји извознички – Индија и Тајланд, соопшти ФАО.

Во посебен извештај, ФАО ја зголеми својата проценка за глобалното производство на жито во 2021 година поради поголемото производство на пченица во Аргентина и Австралија. како и во Русија и Украина, отколку што беше претходно предвидено.

„Светската сеидба на пченица се очекува да биде поголема во 2022 година, поттикната главно од поволните временски услови на северната хемисфера, иако високите трошоци за производство би можеле да ги одвратат одгледувачите од значително зголемување“, забележува ФАО

Зголемените цени на храната придонесуваат за општиот пораст на инфлацијата, која настана со закрепнувањето на економиите од кризата со коронавирусот, а ФАО предупредува дека зголемените трошоци ги ставаат на ризик посиромашните луѓе во земјите кои се потпираат на увоз.

 

Извор: ФАО

Категории: Вести, Слајдер