(Видео) Инспиративна приказна од Атланта – Урбаниот земјоделец од нашето соседство

(Видео) Инспиративна приказна од Атланта – Урбаниот земјоделец од нашето соседство

 

 

Нездравата исхрана повлекува многу ризици по физичкото и менталното здравје на човекот. Многу луѓе лошо се хранат, што од незнаење, што поради консумација на недоволно здравите производи од рафтовите во супермаркетите. Како резултат на тоа,  се повеќе се зголемува бројот на малигни заболувања кај луѓето кои не ретко завршуваат и со фатален исход.

Некој можеби ќе рече дека за да се храниш здраво и органски се потребни многу пари. Но дали е тоа воопшто така? Зарем нашите предци не произведувале своја сопствена храна? Во тоа време немало ниту вештачки ѓубрива, ниту пестициди, ниту ГМО… Но, тие сепак успевале да добијат богат, и пред сѐ здрав принос.

Цели семејства, па дури и пошироката фамилија успевала да преживее од тие приноси. Секој си ја знаел својата улога на имотот, и кога доаѓала сезоната за земјоделски активности – не постоеле изговори, секој морал да помогне.

Во изминатите децении, свесно или несвесно човештвото се оддалечи од тој начин на живот. Да се биде земјоделец од секогаш било гордост, но наместо тоа – во јавниот дискурс се наметна идејата дека е срамно да се занимаваш со обработка на земјата, поради фактот што имаме лесен пристап до храната преку ланците на супермаркети, па затоа и нема потреба сами да ја произведуваме. Но, се запрашал ли некој колку се здрави и на кој начин се третирани земјоделските проиозводи кои ги наоѓаме на рафтовите?

Да го погледнеме ова кусо инспиративно видео од предградијата на Атланта. По дијагностицирано малигно заболување кај свој близок, тие ја сфаќаат насушната потреба од внес на свежа храна полна со нутриенти која решаваат да ја произведат сами. Да погледнеме: