Сега и јагодите имаат свој робот за заштита

Сега и јагодите имаат свој робот за заштита

Преглед

 

Холандска компанија која се занимава со интензивно производство на јагоди во затворен простор си разви нов автономен робот специјализиран за заштита на јагодите. Интересен е фактот што овој робот се движи под целиот насад и има висина од само 1 метар. Иновативната машина за апликација на заштитни средства се движи со помош на хибриден мотор и 4 тркала со индивидуално управување со што се овозможува голема агилност и движење во секоја насока од насадот. Автономноста се должи на две куполи  кои се наоѓаат на предната и задната страна од машината и 3Д камера. Куполите се опремени со ГПС-РТК систем кои прецизно ја одредуваат траекторијата на движење, додека пак 3Д камерата овозможува преглед на насадите од јагода и препознавање на пречки на патот.

Брзината на движење при апликација изнесува 5.4 километри на час што овозможува третирање на површина од 4 хектари да се изврши за помалку од 5 часа.

Во видеото подолу е прикажан роботот во акција:

Автор: Марио Петковски