Словенски програмери во Србија ќе купат 4000 хектари кои ќе бидат наменети за органско производство

Словенски програмери во Србија ќе купат 4000 хектари кои ќе бидат наменети за органско производство

Маж и жена програмери од Словенија, креатори на апликацијата “Talking Tom”, по продажба на својот удел заработиле 600 милиони евра кои што планираат дел од нив да инвестираат во органското производство. Органското производство се планира да биде на површина од 4000 хектари во регионот Банат.

За разлика од многу други креатори на апликации, Само и Иза Логин успеале да заработат од популарноста на нивните апликации. Играта „Talking Tom“ преку реклами и дополнителна содржина платена на нејзините креатори им донела повеќе од 100 милиони долари годишно, а истата била продадена на кинеска компанија за 1 милијарда долари.

 

Апликацијата “Talking Tom”

Бранислав Недимовиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, изјавил дека во последниве години се повеќе земјоделци се одлучуваат за органско производство и посочил дека во Србија околу 24.000 хектари земја се под органско земјоделско производство.

“Сакаат да воспостават органско земјоделско производство на 3.800 хектари. Тоа ќе биде најголемата фарма за органско земјоделско производство, убеден сум целосно, во цела Европа”, рекол министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ, пишува Телеграф.рс.

Популарноста на органската храна расте во Србија, поради што цените се повеќе од 20 до 50 проценти повисоки во споредба со цените на конвенционалната храна. Дополнително, мотив за органско производство се државните субвенции од 26.000 динари (221 евро) по хектар.

 

Извор: Канал 5

Категории: Вести