Сточарите револтирани – Доколку не се исплатат субвенциите за минатата година ќе има протести и блокади
Доколку до крајот на јуни не бидат исплатени субвенциите за ситен и крупен добиток ќе бидат организирани протести и блокирање на патишта, изјави претстедателот на здружението на сточари, Ајрадин Бајрами.
Причината за ова незадоволство се неисплатените субвенции за 2020 година за сточарите пред се во Кичевскиот регион, но исто така и во другите региони во државата. Иако во неколку наврати беше најавувана исплатата на субвенции, средствата се уште не се исплатени. Во моменти кога имаме континуирано глобално покачување на цените за семиња кои што се користат во исхраната на добитокот, македонските сточари ги продадоа јагнињата по релативно ниска цена (135-140 денари по килограм) што дополнително допринесува сточарите да го искажат својот револт.
Целта на протестите и блокирање на патиштата е да се актуелизираат вистинските проблеми со кој се соочени сточарите и поттик за Владата и МЗШВ да ги исполни своите должности спрема сточарите.