Нова стратегија за шумите на ЕУ

Нова стратегија за шумите на ЕУ

 

На 16-ти јули 2021 година, Европската Комисија ја усвои Новата стратегија за шуми на ЕУ до 2030 година, како дел од Европскиот Зелен Договор, базирана на Стратегијата за биодиверзитет на ЕУ до 2030 година. Стратегијата цели кон исполнување на мерките на ЕУ за намалување на емисијата на стакленички гасови занајмалку 55 % до 2030 година, и постигнување на  климатска неутралност до 2050 година, согласно Законот за клима.

Заштита, обновување и одржливо управување со шумите

Стратегијата за шуми поставува визија и конкретни активности за зголемување на квантитетот и квалитетот на шумите во ЕУ и зајакнување на нивната заштита, обновување и издржливост.  Предложените активности предвидуваат строга регулација на системите за филтрација и задржување на стакленичките гасови кои непосредно влијаат врз промената на климата. Стратегијата се обврзува и на строга заштита на примарните шуми и старите растенија, обновување на деградираните шуми и обезбедување на нивно одржливо управување – на начин што ги зачувува виталните екосистемски бенефити што ги обезбедуваат шумите и од кои зависи општеството.

Стратегијата ги промовира практиките за управување со шуми кои се најпогодни за климата и биолошката разновидност, ја нагласува потребата да се задржи употребата на дрвената биомаса во границите на одржливост и охрабрува ефикасно користење на дрвото како ресурс во согласност со каскадниот принцип.

Стратегија на Европската комисија за шумите

Фото: Pixabay

Обезбедување на мултифункционалност на шумите на ЕУ

Предвиден е развој на шеми за исплаќање на сопствениците на шумите и управителите за обезбедување алтернативни услуги на екосистемите, на пример – би се добивале парични средства доколку дел од шумите се зачува недопрен. Новата Заедничка земјоделска политика (ЗЗП), меѓу другото, ќе биде можност за повеќе насочена поддршка на шумарите и за одржлив развој на шумите.

Конечно, Стратегијата за шуми објавува законски предлог за интензивен мониторинг на шумите во ЕУ, известување и собирање податоци. Синхронизираното собирање податоци на ниво на ЕУ, во комбинација со стратешкото планирање на ниво на земјите-членки, ќе обезбеди сеопфатна слика за состојбата, еволуцијата и предвидениот развој на шумите во ЕУ. Ова е од големо значење за да се осигураме дека шумите можат да извршуваат повеќе функции за климата, биодиверзитетот и економијата. Стратегијата е придружена со документ (мапа) за засадување на три милијарди дополнителни дрвја низ цела Европа до 2030 година соцелосно почитување на еколошките принципи – вистинското дрво на вистинското место за вистинската намена.

 

Извор: ec.europa.eu

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести