Стрип-тил метода за подобрување на квалитетот на почвата

Стрип-тил метода за подобрување на квалитетот на почвата

Интензивното производство на храна во голема мера ги уништува природните ресурси и постепено квалитетот на самата почва опаѓа. Оттука се јавува потреба за имплементација на нови методи на обработка на почва кои што позитивно ќе влијаат на структурата и квалитетот на почвата, а ќе се постигнат истите резултати во приносот како и при имплементација на конвенционалните методи.

Стрип-тил методата претставува конзервациски систем за минимална обработка на почвата. Овој метод на обработка на почвата е настанат како комбинација од предности на  конвенционалната обработка на почвата и методата каде што воопшто не се обработува почвата (no-till).

Обработка и ѓубрење на почвата во исто време

 

Со години стрип-тил методата се покажала како високо успешна во сушните региони и области кои се подлежни на суша и проблеми со ерозија. Оваа метода, во Европа, моментално се користи во редови култури како што се пченката, сончогледот, шеќерната репка и друго.

Назив на методата се заснова на обработка на почвата во редот каде што се наоѓаат растенијата, додека останатата површина не се обработува и растителните остатоци се оставаат на површината.

Конвенционалната обработка на почвата во принцип се извршува во повеќе повторувања на  операции на обработка на почвата како што се основното орање на почвата, припрема за сеидбена површина и основно ѓубрење. Со употреба на стрип-тил методата овие операции можат да се извршат наеднаш и во исто време имаме заштеда на време и финансиски средства кои што би требало да се инвестираат во две различни операции. Оваа метода е дел од современите пракси за ефикасно управување на ресурсите на фарма и најчесто се комбинираат  со праксата на правилен плодоред, правилна исхрана и заштита на растенијата како и со пракси чија главна цел е да се подобрат физичко-хемиските карактеристики на почвата. Оваа пракса има значајна економска и технолошка вредност  при употреба во земјоделски области со ладни и тешки почви со сиромашна дренажа на водата.

Производство на памук со стрип-тил метода

 

Најзначајните позитивни ефекти на овој пристап на обработка на почвата се:

  • Намалена ерозија од вода
  • Намалена ерозија од ветер
  • Подобрување на нивото на органска материја
  • Намалување на губиток на јаглероден диоксид од почвата
  • Зголемување на достапната вода на растенијата
  • Обезбедува заштита и храна за други животни и инсекти со што се зголемува биодиверзитетот
  • Овозможува апликација на хранливи материи директно во редовите
  • Подобрена р‘тливост на семето поради зголемена температура на почвата
  • Заштеда на горива

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Едукација