Сушата и топлите бранови трикратно ги зголемиле загубите во приносот во Европа

Сушата и топлите бранови трикратно ги зголемиле загубите во приносот во Европа

 

Според неодамна објавената научна студија која се фокусира на земјоделското производство во 28 европски земји утврдено е дека штетите од негативните атмосферски влијанија како што се топлите бранови и сушата се зголемиле трикратно. Истражувањето го опфаќа периодот од 1961 година до 2018 година преку споредување на податоци за екстремни атмосферски настани (суша, топол бран, поплава и мрзнење), при што податоците јасно укажуваат дека климатските промени веќе делуваат на самото производство и ги зголемуваат шансите за намалување на приносот во текот на производствениот циклус.

Подетално, студијата покажала дека како најштетен настан е сушата, кој се повеќе и повеќе е поизразен во последните неколку години. Од 2015 година, светот е сведок на најтоплите 5 години кои некогаш биле измерени. Исто така, во иднина се очекува овие промени  да бидат зачестени и да предизвикаат домино ефект каде што овие негативни влијанија ќе ги погодат и другите индустриски сектори кои што се директно или индиректно поврзани со земјоделското производство во Европа и во целиот свет.

“Житариците кои се одгледуваат на скоро 65% од европското земјоделско земјите се културите кои што највеќе се загрозени од овие негативни атмосферски влијанија. Иако приносот е зголемен за 150% од 1964 година, истражувањето покажало дека ризикот од загуба на приносот за житариците кои што се одгледуваат за сточна храна се зголемува за повеќе од 3% секоја сушна година” – изјави главниот истражувач Тереза Брас од Лисабон.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести